По пауза од девет години Охрид повторно ќе биде во центарот на вниманието на кошаркарските младинските натпреварувња. Во 2000 година Охрид беше домаќин на ЕП за кошаркари до 20 години, а од 6 до 15 јули ќе биде домаќин на ЕП б дивизија за кошаркарки до 20 години.
Дел од репрезентациите се пристигнати, а најавени се и високи преставници од европската кошаркарска куќа.
– ЕП и градот Охрид ќе постават нови стандарди кога станува збор за ваквите натпреварувања. Најавени се високи гости, меѓу кои и генералниот секретар на Фиба Европа, Нар Занолин кој ќе го затвори првеснтовото, не очекува интересен настан кој се надевам ќе побуди голем интерес – вели Дејан Леќиќ, ген. сек на КФМ.
Соорганизаторот на ова првенсто ЈП “Билјани Извори“ им посака многу среќа на репрезентацијата.
–
Им посакуваме многу успех на кошаркарките и се надевам дека по добрата организација на ова првенство, во иднина ќе добиеме и едно поголемо натпреварување – рече директорот на ЈП “Билјанини Извори“ Иван Цветкоски.
Од КФМ очекуваат солидна посета и поддршка на првенството. КФМ ќе ги анимираа охриѓани и охридската публика со организириање на наградни игри како и доделување на топки и разни кошаркарски реквизити на посетителите во салата.
Отварањето ќе биде в недела во 21.30 минути на градскиот плоштад.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com