Во организација на локалната самоуправа, невладината организација „Алфа и омега“ и американската амбасада, во Охрид утре за прв пат ќе се одржи натпревар во триатлон.

Триатлон натпреварите ке се одржат на плажата „НЕМО“ во локалитетот „Горица трета“ и дел од патниот правец Охрид – Св. Стефан.


На триатлон натпреварите можат да учествуваат професионалци и реакративци (аматери)  во пливање, возење велосипед и трчање. Професионалците ќе треба да минат вкупно 25,7 километри по вода и копно, а двојно помалку аматерите. Организаторите на прес конференција денеска соопштија дека интересот на првиот триатлон натпревар е голем, а изразија надеж дека догодина на него ќе има повеќе учесници од странство.


„Охрид-триатлон 2009“  започнува во 11 часот за професионлците и 11.15 за рекреативците (аматерите).

Ohridnews