И оваа година националната установа манифестацијата што традиционално се одржува на 5. и 6. февруари ја организира во соработка со Редакцијата ,,Детска радост” – Друштвото на писателите на Македонија и други установи и институции од градот.
– Со оглед на значењето и димензијата на оваа најстара културна манифестација во Охрид, која се организира од 1952 година, во интерес е ова големо име од залезот на вториот милениум, во чест на традициите, а во завет на генерациите што доаѓаат по нас перманентно да биде одбележувано на соодветен начин и со посебен пиетет, велат од Центарот за култура чиј патрон е Григор Прличев.
Манифестацијата „Прличеви беседи“ е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.