Се е подготвено за почетокот на Струшките вечери на поезијата велат од организациониот одбор на манифестацијата.

Потврдено е присуството на годинашниот добитник на „Златниот венец“ албанскиот поет со светско реноме, Фатос Арапи. Изданијата на фестивалот веќе се излезени од печат, а на фестивалот се враќа и  популарната „Песна меѓу две лета“ – пресек на поетското творештво во Македонија меѓу двете Струги, изјави во интервју за денешен „Дневник“, директорот на Струшките вечери, Данило Коцевски.

На фестивалот ќе  биде претставена националната поезија на Украина, а ќе се  промовира едицијата „Плејади“, потоа добитникот на наградата на УНЕСКО за најдобар млад поет и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“.
Покрај стандардните содржини, фестивалот годинава посебно внимание ќе посвети на младите поети од цела Македонија кои  ќе имаат свои вечери. На Струшките вечери годинава се очекува учество да земат над седумдесет поети од светот и педесетина поети од земјата.

Ohridnews