Се е подготвено за отпочнување на пописните активности на терен на 5 септември. Во сите комиисии во 50-те пописни реони завршени се обуките на реонските попишувачи. Во деновите до недела кога во 8 часот наутро попишувачите ќе излезат на терен, ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите, информираат од Влада.

До недела секој попишувач заедно со својот реонски инструктор ќе направи план за движење низ пописниот круг, се со цел ниту еден објект и ниту едно домаќинство да не остане неопфатено. Сигурни сме како Влада дека граѓаните со доверба ќе ги примат попишувачите и ќе им ги дадат потребните податоци, велат на денешниот прес од Владата. 

Инаку, како што претходно нагласи директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски ако некој одбие да биде попишан, а сите протоколи се испочитувани, тогаш ќе треба да ги сноси последици. Законот предвидува прекршочна одговорност и тука нема пардон за никого, рече Симовски.

Н.С.Ј