Според најавите на организаторот, денеска стигнуваат и елементите за сцената која ќе биде најраскошна до сега.
Познати се и сите учесници. На „Долни сарај“ меѓу другите ќе ги видиме: Нино Величковски, Mилица Кузмановска, Петар Нечовски во фолк вечерта, во поп вечерта тука е овогодишниот претставник на Евровизија Ѓоко Тенески, Биба Додева, Наде Талевска, Александар Белов и други, а надвор од Македонија ни доаѓаат: Елена Илијади ( Грција), Феминем (Хрватска), Група Луна ( Србија), Крум (Бугарија) и други.
Фестивалот годинава ќе трае четири дена, започнува на 25-ти август со вечер на дебитанти, a завршува со интернационалната вечер на 28-ми август.