Се е подготвено за хунитарниот спортско – забавен хепенинг што во сабота, 30 мај, ќе се одржи во Охрид. Организаторите, Црвен крст Охрид, на прес конференција денеска, ги соопштија поединостите за хуманитарната трка што ќе започне во 11 часот од кај чинарот. Целта ќе биде кај Центарот за култура, а во трката ќе може да се вклучат сите граѓани кои ќе купат учеснички купон од 30 денари.

Покрај трката, на кејот ќе се одвиваат и бројни други спортски  активности, а најјмладите ќе ги забавуваат ѕвездите од Распеано рибарче и жонглери. Паралелно ќе се одвива и крводарителска акција.

Организаторите информираат дека за сите учесници во хуманитарната манифестација предвидени се награди. Секој учесник е потенцијален добитник на една од стоте награди, а најсреќните ги чека 7- дневно зимување на Копаоник, зимуванје во х. Бистра во Маврово, зимување во х. Радика во Маврово, ТВ, ДВД, компјутерска галантерија, најразлични курсеви за странски јазици, математика и др.

Ohridnews