Уште три дена остануваат до почетокот на второто издание на фестивалот Алтернативно Лето – АЛО 2 во Охрид. Настанот кој и оваа година е во организација на ЦИРО претставува спој на екстремиот спорт (скејт и БМХ) и алтернативната музика.
АЛО 2 ќе биде отворен на 29-ти јули со скејт и БМХ натпревар. По завршувањето на натпреварот ќе следува одлична забава за натпреварувачите и присутните на отворено каде ќе настапат познати имиња од алтернативната сцена од Македонија и регионот.
Оваа година на фестивалот АЛО 2 учество ќе земат: локален демо бенд, Bad Contract, BC Generacija,The Author, Комунална Хигена и Hardfaced од Охрид, Last Hope (Софија), Zvezde Grajma и DJANS (Србија) и DJ Goce (SAF).
Влезот е бесплатен.
OhridNews