Атлетичари од Македонија, Србија, Холандија, Бугарија, Унгарија, Кенија, Албанија, Косово и Словенија ќе бидат дел од 29-то издание на меѓународниот атлетски маратон во Охрид.
До адресата на организираторот до сега се пристигнати 74 пријави за учество, а пријавувањето трае од осум часот кога ќе се финилизира бројот на атлетичари учесници.
– Задоволни сме од одзивот и квалитетот на атлетичарите кои ќе учествуваат на маратонот. Ние како како организаратори нашата работа ја завршивме перфектно и можам да потврдам дека не очекува добра и неизвесна трка. – изјави првиот човек на организациониот одбор Пецо Неданов.
Победникот од 2004 година Бранко Стевиќ кој по седми пат ќе учествува на маратонот во Охрид има само пофални зборови. – Маратонот иако е долг 30 километри наликува дека трчаш повеќе од 40 километри поради надолнините кои ги има во текот на патеката. Во Охрид неможе никогаш да победи атлетичар кој не е 100% подготвен. Иначе охридскиот атлетски маратон кој ми е еден од поомилените го рангирам на средината во светските маратони.
Девет атлетичари од Охрид во машка и една во женска конкуренција ќе се појават на стартот кај Свети Наум што е доволен показател дека атлетика живее во градот домаќин на маратонот.
– Единствено што жалам за маратонот е немањето на публиката на целта. Нешто што мене ме правеше неизмерно среќен кога победував на првите маратони во Охрид. Годинава направивме план како да ја вратиме популаризацијата на маратонот а со тоа да дојде и што повеќе публика. – потенцираше Живко Стојчески петкратниот победник на маратонот во Охрид.
Стартот на трката е во 9 часот во Свети Наум, а првите маратонците на целта се очекуваат да пристигна нешто после 10 и 30 часот.
Мх.П.