Репрезентативецот на Холандија, Матијас де Лихт утре треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот со италијанскиот шампион Јувентус. „Старата дама“ на Ајакс за дефанзивецот ќе му исплати 75 милиони евра.

  • Наскоро ќе биде официјализиран трансферот на Де Лихт. Ги чекаме банкарските гаранции, тоа ни е важно. Мислам дека други пречки нема да има. – изјави спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс.

Де Лихт со „бјанконерите“ ќе потпише петгодишен договор и ќе заработува 12 милиони евра по сезона. Јувентус во трката за Де Лихт ги победи Барселона, Пари Сент Жермен и Манчестер Јунајтед.

OhridNews