Тринаесет цртежи на ѕидот на една пештера во Шпанија ги заинтригирале научниците, бидејќи наводно ги прикажуваат таканаречените „луди печурки“, кои го содржат халуциногената состојка Псилоцибин. Според тоа за палеонтолозите нема сомнение дека нашите предци се дрогирале уште пред 6000 години со овие печурки во рамките на верските ритуали.
На сликата со бик која била пронајдена во пештерата Селва Паскуала истражувачите ја препознале и сликата на локалната халуциногена печурка со латинско име Psilocybe hispanica. Доколку ова откритие биде потврдено, тоа ќе биде најстариот доказ за користење вакви печурки на подрачјето на Европа. Во Алжир постои една уште постара трага, цртеж од печурката Psilocybe mairei, стар помеѓу 7 и 9 илјади години.