Повратниците голманот Сашо Карамачоски, играчите од одбраната Мони Oса, Љупчо Митрески како и Саше Ѓорески се новите имиња кои треба да ја зајачаат конкуренцијата за првиот тим на Охрид `04. Новиот шеф на струката во Охрид, Ѓорески ги ослободи од обврските напаѓачот Атај Уљо, потоа играчите за врска Љупчо Далчев и Сашо Лазаревски, како и дефанзивецот Сашо Танкоски.


Деновиве очекуваме уште неколку играчи од битолски Пелистер да ни се приклучат со што би го затвориле списокот на засилувања – вели Џајо.

Охрид `04 првиот тест ќе го има в петок кога ќе му спарингува на македонскиот преставник во Лигата Европа , Металург.

М.П.