Селекторот
на македонската фудбалска репрезентација, словенецот Среќко Катанец, повтори
дека Македонија се’ уште има шанси за пласман на Светското првенство во
2010 година во Јужна Африка.

Елиминациски мечеви за Македонија
за пласман на СП 2010 ќе бидат во јуни. Ништо не е загубено бидејќи
ниту една селекција не се одвојува во борбата за втората позиција.

Катанец уште еднаш повтори дека Македонија се’ уште има шанси за Јужна Африка, но и дека тој ќе биде на нашето фудбалско кормило се’ додека
шансите се актуелни. Кога ќе ги загубиме, ќе си оди самиот.

– Тука
ќе бидам се додека сметам дека можеме да го освоиме второто место во
групата. Кога тоа ќе стане невозможно јас ќе си одам и ќе му посакам
многу среќа на мојот наследник
– истакна селекторот.

Ohridnews