Цевките од коритото на Грашница кои поради слабата пропусна моќ предизвикаа излевање на реката на улицата „Ариф Мустафа“, деновиве комплетно се отстранети. Остатоците од искршените цевки кои беа извадени од коритото во критичните денови за да се спречат поголеми поплави, со механизација се отстрануваа од улицата која, како и коритото на реката, најверојатно ќе треба да се реконструира.


фото: Васко Бујароски