Предводникот на младата репрезентација Благоја Милевски е најсериозен кандидат за позицијата селектор на А репрезентација, ако преговорите помеѓу Фудбалската федерација на Македонија и Игор Ангеловски не вродат со плод за нова соработка.
Договорот на Ангеловски со ФФМ истекува за два дена, и во Новата 2021 година двете страни треба да седнат и започнат преговори. „Црвено жолтите“ предводени од Ангеловски остварија историски успех, пласирајќи се на Евро 2021.
Прво ќе разговараме со Ангеловски, а потоа ќе одиме со други варијанти. Ќе се појавуваат шпекулации, се појави шпекулација и со Просинечки, ама сакам јавноста да знае дека прво ќе разговараме со Ангеловски. Ако не се согласиме ќе продолжиме со разговорите. Да не шпекулирам, ама цела јавност знае кој ќе биде селектор, ако не се договориме со Ангеловски. – изјави првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини на гостувањето во Алсат М.
Успехот на сениорската селекција на некој начин беше најавен во 2017 година, кога младинската селекција предводена од Енис Барди, Дарко Велковски и останатите играчи под водство на Благоја Милевски обезбеди пласман на ЕП и добро се претстави на големата фудбалска сцена.
OhridNews