Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска спроведоа вонредни превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид.Согласно препораките за превенција од ширењето на Корона вирусот Ковид-19 со средство за дезинфекција беше извршено комплетно чистење на: старата чаршија, плоштадот кај Чинарот, плоштадот Св. Климент Охридски, паркот кај рибниот ресторан, градскиот кеј и патеките низ паркот, урбаната опрема и клупите, детското игралиште кај Центарот за култура.
Во текот на вчерашниот ден се изврши дезинфекција на јавните површини во комплексот на објектите на ЈЗУ „Општа Болница“ Охрид-влезот во здравствената установа, коловозните површини, тротоари, сите пристапи кон различните оддели.
Од претпријатието информираат дека и во текот на наредните денови ќе бидат спроведени сет превентивни мерки со цел зајакнување на заштитата на здравјето на луѓето и одржување на јавната хигиена на највисоко ниво.
OhridNews