Вкупно 16 хектари земјоделско земјиште во атарот на струшкото село Мислешево се понудени во рамки на Јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хектари, кој вчера го објави Министерството за замјоделство, шумарство и водостопанство.
Според планираното на земјиштето во струшко е предвидено да се гради живинарска фарма, вредна најмалку 100.000 евра, но и да се произведува сточна храна.
-Сите потенцијални инвеститори ќе треба да поднесат бизнис-план со пропишаните минимални инвестиции за изградба на објектите што се бараат – фарми, ладилници,… Одредбите мора максимално да се почитуваат. Ако не се запази рокот за изградба на капацитетите, недовршените објекти остануваат во сопственост на Република Македонија, информираа вчера од Министерството за земјоделство.
Инаку во рамки на Јавниот оглас се даваат под закуп и земјоделски парцели во Струмица и во Ресен, а под закуп се издава и земјиште во регионот на Свети Николе односно во агрокомбинатот „Џумајлија“, каде што претходно инвестиција имаше најавено индискиот бизнисмен Субрата Рој.
OhridNews