Екипите на ЈП Охридски Комуналец од утринските часови на терен за ублажување на последиците и нормализирање на состојбата по вчерашните снежни врнежи и минусни ноќни температури.

За непречено движење на пешаците се чистат и посипуваат со абразивни средства најфреквентните јавни површини како и локациите околу објектите од витално значење: градинки и други образовни институции, здравствените објекти, општествени институции, пешачки премини, чаршијата, уличките во стариот дел од градот, Мостот на желбите, тротоари, и.т.н.

Посочуваат дека во текот на денот ќе се продолжи со овие активности и ќе се опфати и поширокото градско подрачје.

Со специјална механизација се интервенира и по коловозите, а посебен акцент се става на повисоките места во градот и приградските населби. Екипите на Паркови и зеленило имаат полни раце работа заради влажниот снег кој предизвика големи проблеми и оштетувања на дрвја и гранки на повеќе локации, додаваат од ЈП Охридски Комуналец.

OhridNews