Просторот околу коловозот на магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот од населба Свети Стефан до с.Пештани се расчистува.

Ј.П.”Охридски Комуналец” деновиве спроведува акција за расчистување на сите диви депонии на овој потег, а зелениот појас околу коловозот се расчистува од натрупаниот отпад, градежен шут и обраснати грмушки. Се користи сета расположива механизација и работна сила.

Ohridnews