Членови на здружението за заштита и одржлив развој на животната средина регионален зелен центар Охрид, културолошка иницијатива 5 до 12, граѓани од месна заедница Стар Град како и вработени лица во ЈП Комуналец Охрид, викендов започнаа со уредување на плажата „Лабино“ која се наоѓа во стариот дел на градот.

 

Плажата во последните години во летниот период е посетувана од локалното население, но исто стана позната и ги привлекува странските туристи кои го посетуваат градот Охрид.

 

 

 

 

Оваа акција е дел од активностите во рамки на проектот Младинско ЕКО лето кое е поддржано од Цивика Мобилитас.

Учесниците во аквијата упатија апел до посетителите на плажата да не ја уништуваат и да ја чуваат.

OhridNews