Екипите на Јавна хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве интензивно работат на  уредување на пешачката зона по целата должна на булевар „Туристичка“.

-Од двете страни на булеварот, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок и земја, се отстранува ниската вегетација и се расчистуваат одливните шахти. Ангажирани се 6 општи комунални работници, а активностите ќе се одвиваат етапно во следните три дена, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

OhridNews