Екипа на ЈП “Охридски комуналец“, денеска започнаа акција  на  уредување на улицата ”Кленоец” од нејзиниот почеток  до влезот во село Долно Лакочереј.

Се метат тротоарите, се отстранува ниската вегетација и темелно се чистат  наносите од земја и песок  покрај граничниците. Од јавното претпријатие информираат дека овој потег  ќе се расчистува во текот и на наредната работна седмица.

OhridNews