Екипи на Ј.П. “Охридски Комуналец” , по налог на општинскиот инспекторат, извршија чистење на регионалниот пат Охрид-Ресен. Поточно, се подигаше отпадот што зад себе го оставиле учесници во сообраќајот на паркинг местата наменети за одмор на патнички и товарни возила.

Од јавното претпријатие со апел за подигнување на свеста за заштита на животната средина и фрлање на отпадот на соодветни места.

OhridNews