Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ денеска реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи на Охридската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.

Акцијата била спроведена во периодот ос 2 часот по полноќ, до 8 часот наутро, заради помала фреквенција на движење по чаршијата. Во одстранувањето на гумите за џвакање биле ангажирани 5 комунални работници со специјални алатки.

-Одржувањето на јавната чистота е континуиран процес кој обезбедува квалитетно чистење на јавните површини и отворените простори заради обезбедување на здрава и чиста животна средина, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оттаму потенцираат дека според Законот за јавна чистота, строго е забрането e фрлање и оставање на хартија, опушоци, гуми за џвакање, амбалажи, земја и отпадоци на јавни површини.

OhridNews