Ј.П.”Охридски Комуналец” од 1 март целата расположива механизација им ја стави на располагање на жителите на с.Пештани, со цел да му се помогне на локалното население да ги надмине проблемите со високиот водостој на Охридското Езеро.


Со помош на механизацијата се чистат одводните канали, септичките јами, а со пумпи се чистат поплавените подруми, дворови и други објекти. Извршени се 31 тура со камион-фекалец, 4 тури со камион кипер, а ангажирана е и  комбинирана машина ровокопач со кој се вршат ископи на канали за протекување на водата, информираат од „Комуналец“.

OhridNews