Ј.П.”Охридски Комуналец” започна со одржување на јавната хигиена во приградските населби на подрачјето на општина Охрид.

Со цел да се подобри степенот на хигиена во руралните средини, овие подрачја еднаш неделно ќе се чистат и метат според следната динамика: во понеделник: с. Велгошти, с. Рача и населба Св.Стефан; во вторник: с. Лескоец, Лагадин и Елшани; во среда: с.Косел и с.Пештани; во четврток: с.Горно Лакочереј и с.Коњско; во петок: с.Трпејца и с.Долно Лакочереј;во сабота: селата Орман и Љубаништа.

Ohridnews