Ј.П.„Охридски Комуналец“ традиционално пред почетокот на училишната година ги уредува и расчистува дворните површини и јавните пешачки и други површини околу училишните дворови.
-Овие акции се и мотивација за учениците да учат и растат во здрава и чиста животна околина со уредено зеленило и чисти училишни дворови. Дел од образовните установи се веќе расчистени, а останатите ќе бидат опфатени во наредните денови, велат од претпријатието.
Оттаму информираа дека во рамки на овие активности се извршило и темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на О.У.„Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој реон.
OhridNews