Продолжуваат акциите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ за почист и поубав град, со цел имплементирање на едукативниот карактер за подигање на еколошката свест кај жителите во секоја урбана заедница во општината.

Денес Ј.П. „Охридски Комуналец“ ја спроведе акцијата за расчистување на дивите депонии од градежен шут во „ Видобишта“ ,  на потегот од „Стобекс“ до АД. „ Жито Леб“ по должина на ул. „Ристо Чадо“.

Акцијата во оваа урбана зедница ќе се реализира и во наредните денови, а ќе бидат ангажирани и метачите од „Јавна хигиена“ за финално чистење на овој дел од градот.

OhridNews