По синоќешното невреме кое го зафати Охридскиот регион, проследено со силен ветер и обилни врнежи, денес дежурните екипи на Ј.П „Охридски Комуналец” максимално ангажирани за расчистување и санирање на состојбата на повеќе локации.

Се чистат јавните површини и пешачки зони од паднатите лисја, се чисти пристаништето и кејот од наносите на брановите, се отстрануваат паднати гранки и дрвја. И во текот на вчерашниот ден се интервенираше по паднати дрвја на неколку локации, посочуваат од претпријатието.

OhridNews