Џенифер Лопез, латино дивата која веќе наполни 45 години, ја прекинала врската со Каспер Смарт, но не се брза да влезе во нова врска. Сопственичката на големиот хит ‘I Luh Ya Papi’ била во врска со Каспер околу 2 и пол години.
Џенифер изгледа одлично и планира што повеќе време да поминува со своите шестгодишни близнаци, Макс и Ема.
“Постојано бев во врски и сега ми треба одмор. Сакам да се посветам на семејството, децата и пријателите. Во овој момент ми одговара да бидам сама“, изјавила Џенифер во емисијата ‘Meredith Vieira Show’.