На денешен ден издадена е книгата “Волшебното самарче” од великанот на македонското литературно творештво Ванчо Николески, основоположник на литературата за деца и млади.
Николески, кој напиша многу песни, мајстор на ритамот и римата, во училиштата е застапен и со книгата “Гоце Делчев”, покрај “Волшебното самарче”.
Мештаните во негова чест ја организираат манифестацијата Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески” која годинава ќе се одржи по шести пат на крајот на август во основното училиште во Лескоец кое денес го одбележува својот патронен празник. Во понеделник претставници од ОУ заедно со членови на здружението МАЦКОВО од Црвена Вода ќе го посетат вечното почивалиште на Николески во Охрид.
Ова училиште е единствената институција во Македонија која го носи името на Николески и тоа не само во формална смисла, туку длабоко суштински, со пиетет и достоинство, изразено, пред се, со успесите на учениците и пласманот на натпревари и слични активности.
ДПМ доделува традиционално, награда “Ванчо Николески” за роман за деца и млади, но, минатата година, од познати причини, и таа изостана.
Ванчо Николески е роден на 10 јуни 1912 година, починал 1980 година.
Веле Митаноски