Охриѓани покажаа голем интерес за бесплатните прегледи, кои Црвениот Крст и Центарот за јавно здравје од Охрид, ги организираа по повод Неделата за борба против срцевите заболувања.

Екипа на лекари и медицински сестри на отворениот штанд кај Чинарот, на стотина заинтересирани охриѓани, денеска им мереа крвен притисок и им испитуваа холестерол и шеќер во крвта.


Се чекаше на ред за бесплатните прегледи кај Чинарот

Е.Е.