Официјалните лица на лотаријата во американската сојузна држава Калифорнија чекаат да им се јави добитникот кој освоил дури 425,3 милиони долари на лотаријата „Пауербол“, што е шеста по големина добивка во американската историја. Добитното ливче е продадено на бензинска станица на компанијата „Шеврон“ а автопат во близина на градот Милпитас, околу 60 километри југоситочно од Сан Франциско. Освен што на среќниот добитник ќе му донесе речиси половина милијарда долари, ливчето го усреќило и на сопственикот на продавницата во која било продадено, бидејќи нему му припаѓа бонус од еден милион долари.
Порпаролот на калифорниската лотарија Алекс Траверсо изјавил дека не очекува добитникот да се јави на првиот ден по извлекувањето, кое било извршено вчера. Џекпотот пораснал дури 15 пати откако последен пат бил извлечен, на католички Божик односно на 25 декември. Добитникот може да одлучи дали целата добивка да му бие исплатена на рати во наредните 30 години, или веднаш да подигне износ од 242,2 милиони долари.