Во денешното објавување на официјалните информации на здравствените власти, направена е грешка во евиденцијата на новите случаи на заболени од коронавирус во Општина Охрид.
Како што информираат од Центарот за јавно здравје Охрид, новозаразени со Ковид 19 на територијата на Општина Охрид не се пет, туку 3 лица. Четвртото е трудница од Струга, а петиот случај всушност е повторен тест на веќе евидентиран заболен, кој бил позитивен, иако во корегираната статистика на Министерството за здравство и овој случај е евидентиран во Струга. Со тоа вкупниот број на заболени од коронавирус во Охрид од почетокот на пандемијата изнесува 7, а во Струга 49.
Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19 во земјата, oд кои речиси половината во Куманово, а регистрирани се и 12 оздравени пациенти воСкопје кои се лекувале во домашни услови.
OhridNews