ВМРО ДПМНЕ деновиве ќе го објави својот кандидат за градоначалник на Охрид. На две недели до крајниот рок за пријавување на кандидати, најголемата владејачка партија сеуште тактизира. Во игра покрај неколку актуелни пратеници, се и други истакнати членови на партијата, актуелни директори на институции, но не се исклучува името на кандидатот за градоначалник да биде сосема друга личност, надвор од најчесто споменуваните имиња во јавноста.
Извори од ВМРО ДПМНЕ за Ohridnews изјавија дека не е ништо чудно кандидатот за градоначалник на Охрид да биде изненадување, но сите се согласни дека кој и да биде, најпрвин ќе треба да го добие аминот од централата во Скопје, односно од лидерот Груевски. Тоа, велат нашите извори ќе се случи многу брзо, веројатно деновиве.