Најмалку 35 лица ги загубија животите, а десеттици се повредени или исчезнати при уривање на вијадукт во италијанскиот град Џенова, што се случи денеска.

Како што пренесуваат светските агенции и медиумите во Италија уривањето на вијадуктот на автопатот А 10 кај Џенова, се случило при силно невреме. Очевидци тврделе дека гром удрил во еден од столбовите, по што вијадуктот се урнал.

Во тие моменти преку вијадуктот преминувале десетина возила. Вијадуктот висок 100 метри поминувал над густо населена зона со фабрики, станбен комплекс, железничка станица и трговски центар.

Овој мост бил изграден во шеесеттите години на минатиот век, а бил реконструиран во 2016 година. Се претпоставува дека слабата конструкција е причина за уривањето.

OhridNews