Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески го пушти во употреба охридскиот базен. На базенот како и секоја година ќе партипицираат пливачки школи кои ќе треба да создадат пливачи кои ќе носат врвни резултати во Охрид.

– Пливањето и ватерполот се спортови кои што на некој начин го одбележуваат спортскиот живот во Охрид изминатите неколку децении. Од тие причини денес со една церомонија го отвориме базенот и ја започнавме летната школа за пливање „Делфина 2012“ која брои околу 250 пливачи. Приоритет на Општина Охрид и мене како градоначалник ние е пливањето и ватерполот до го вратат спорскиот сјај во градот – рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Базенот покрај спортските активности кои ги нуди има и детско катче, терен за бадминтон и пинг понг. Билетот за употреба на сите овие понуди изнесува симболични 60 денари.

Мх.П.