Две лица биле уапсени поради борење со метар и половина долг питон по име Борис на паркингот на Мек Доналдс ресторан во Мелбурн. Тие двајца во средата од една продавница за домашни миленици го украле питонот и еден гуштер, а потоа змијата ја однеле на паркингот и почнале да се борат со неа.


Лицата стари 22 и 24 години биле уапсени и обвинети за провала и кражба. Детективот кој ја водел истрагата рекол дека било премногу глупаво од нивна страна што одлучиле да го сторат тоа пред толку многу луѓе. Змијата била вратена во продавницата, а од гуштерот немало никаква трага.