Министерството за транспорт и врски се очекува да ја заврши постапката со која ќе даде  зелено светло на фирмите кои ќе продолжат понатаму во постапката за доделување концесија за патиштата низ Македонија.

Проектот на Транспорт за давање под концесија опфаќа два пакети на патишта во источниот и западниот дел на Македонија.

Предметот на концесија опфаќа вршење на работите за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарина и користење на патните правци во два пакети. Во првиот пакет предмет на концсеија се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување, реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот пакет се патните прави Стенковец – блаце и Гостивар – Ќафасан и правецот Гостивар – Тетово – Скопје“, велат од Транспорт.

Проектот опфаќа вкупно 380 километри пат низ државата и треба да биде финализиран кон средината на следната година. Концесионерите ќе имаат осум години за изградба на патиштата, а ќе можат да ги користат во следните 35 години. Се очекува изградбата на патиштата концесионерите да ги чини над милијарда евра.

OhridNews