Индустриското производство во периодот јануари – мај  годинава во однос на истиот период лани е намалено за 0,4 проценти. Во мај годинава, пак, споредено со мај минатата година, бележи пад од 5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  

Гледано по сектори, индустриското производство во „рударство и вадење камен“ во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи опаѓање од 5,8 проценти, во „преработувачка индустрија“ од 4,3 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 13,1 процент.  

Според главните индустриски групи, производството во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, бележи  пораст кај „капитални производи“ за 6,5 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 19,9 проценти, а опаѓање  кај „енергија“ за 16 проценти, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 10,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

OhridNews