Швајцарското здружение за заштита на животните, кое за нив се грижи на различни начини воведуваат и необична понуда за волонтерска работа- галење на мачки. Некои волонтери се задолжени за чистење прозорци, некои за шетање кучиња, а сега некои ќе бидат за галење мачки.

Една волонтерка изјавила дека и причинува големо задоволство да се гржи за мачките, и дека во прифатилиштето оди неколку пати во седмицата. Околу животните се ангажирала по смртта на сопругот.