Во недела, 9-ти април, во периодот од 17 до 22 часот во Центарот за култура во Охрид ќе се одржи кастинг за статисти за потребите за снимање на филмот со работен наслов „Дедо и Внук“, кој го режира охриѓанецот Илија Пиперкоски.

Заинтересираните треба да се пријават за кастинг во наведеното време во Центарот за културата.

Инаку филмот „Дедо и Внук“ се снима со поддршка од Агенцијата за Филм на Република Македонија.

OhridNews