СВР Охрид презема мерки за расчистување на настан пријавен во СВР Охрид утрово околу 09 часот  од страна на 37-годишен охриѓанец.

  • Според пријавителот, денеска околу 02,00 часот пред дискотека „Парк“ во Охрид бил физички нападнат од неколку лица кои му нанеле повеќе удари со раце и метални шипки по телото, особено во пределот на главата и му одзеле паричник во кој имало 8 000 денари и мобилен телефон марка „Самсунг Галакси“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Воедно, мерките се насочени и кон пронаоѓање на лице кое, денеска околу 11 часот го нарушило јавниот ред и мир во пицерија во Охрид лоцирана на кеј „Македонија“ при што оштетило дел од инвентарот на пицеријата.

OhridNews