Попладнево, СВР Охрид со соопштение го потврдија инцидентот што утрово се случи во охридската Противпожарна служба.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во територијалната противпожарна единица во Охрид, се случило насилство со загрозување на службени лица, извршено од 40-годишно лице од охридското село Велгошти. Лицето употребило предмет со кој му нанел тешки телесни повреди на вработен во противпожарната служба, по што избегал.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот.