Британците бараат вештерка која не е алергична на мачки и која за плата од 50 илјади фунти годишно ќе биде спремна да живее во пештерите во местото Вуки Хол, туристичка атракција во Сомерсет. Ова работно место останало испразнето откако нејзината претходничка отишла во пензија.
Работното време ќе трае само за викендите и за време на училишните празници. Според легендата овие пештери биле дом на една вештерка која била претворена во камен од нејзиниот татко. Аудицијата за вработување ќе се одржи пред посебно жири кои ќе го оценуваат изгледот, карактерот и способностите на кандидатките.