Работниците во аеродромот во Бристол, Англија, дале оглас во кој бараат помош како би го пронашле сопственикот на плишано мече кое било пронајдено минатата година во салата за заминување заедно со фотографија од 1918 година. Црнобелата фотографија прикажувала две девојчиња со споменатата плишата играчка.
На позадината од фотографијата била испишана порака „До нашиот татко од саканата ќерка и Соња“, а во потписот стоело името Дора, најверојатно едно од девојчињата, и Глин, што според работниците на аеродромот би требало да биде името на плишаното мече. За изгубеното мече, кое нема едно око, моемнтално се грижи портпаролката на аеродромот, Џеки Милс, која го чувала на својата работна маса. По 14 месеци потрага која не дала никакви резултати, управата на аеродромот одлучила да се обрати за помош до јавноста.