Цела Финска се прашува кој го дал огласот вреден околу 20 000 евра во дневник со кој се бара девојка со руса коса. Големиот оглас привлече големо внимание, а во него непознат огласувач бара да му се јави девојка која во одреден ресторан седела на дадениот датум околу 22 часот, каде што тој ја здогледал.


Некои поединци се обиделе да му влезат во трага на огласувачот, и неофицијално се вели дека се работи за 42-годишен жител на Русија. Некои се сомневаат дека не станува збор за вистински оглас, туку дека некоја фирма сака со необична кампања да го рекламира својот производ.

Од дневникот не смеат да изнесат никакви податоци, бидејќи за тоа ги обврзува една ставка од договорот.