Една ирска туристичка агенција нуди вистинска работа од соништата, и сакаат да вработат човек кој би требало да ги бара идеалните места за новопечените брачни парови. Оној кој ќе ја добие работата ќе треба половина година да ги посетува луксузните одморалишта низ светот, а платата ќе му изнесува околу 20 илјади евра.
Со себе ќе може да понесе партнер или партнерка. Агенцијата бара човек кој три до четири седмици ќе отседне во луксузен хотел и за доживувањето ќе напише детален извештај. Меѓу главните работни задачи се испробувањето на коктелите и џакузите.