Велигденските празници не потсетија на старите проблеми и недостатоци што ги има Охрид како туристички центар. Најболно прашање и натаму останува паркинг просторот. Центарот на градот е тесно грло, а место за паркирање се помалку има и пред индивидуалните и колективните згради. Затоа не ретко автомобилите се оставаат на улица, на тротоар или во парковите.


Се бара паркинг место повеќе

Фрекфенцијата на автомобили за Велигденските празници и не е така голема, но замислете како само ќе биде на лето. Градските власти одамна ветија изградба на катна гаража и други решенија за ублажување на проблемот со паркирањето, но идеите никако од хартија да се преточат во акција. Додека не се случи тоа охриѓани и туристите ќе мора да се снаоѓаат во сообраќајниот метеж.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски