Советникот Иван Огненов, денеска упати апел до градоначалникот, претседателот на градскиот Совет и колегите совтници, во периодотм пред и за време на изборната кампања да не се одржуваат седници на Советот.

Како пример тој ја наведува одлуката на републичкото Собрание, кое во координација со сите пратенички групи, донесе одлука да не одржува седници во периодот од 19.02.2008 година до завршување на вториот круг од претседателските и локалните избори.

-Сметам дека ваквиот пример треба да го следи и Советот на Општина Охрид, дотолку повеќе што во локалните избори се директно инволвирани поголемиот број на актуелните советници како кандидати за градоначалници, носители на листи за советници или советници.На само три дена пред официјалниот почеток на изборната кампања, не може да се избегнат одлуки и настапи исклучиво пропагандно мотивирани, вели Огненов

Тој предлага на закажаната 63-та седница, што треба да се одржи на 26 февруари, од дневен ред да се повлечат точките кои не се поврзани со запазување на законски рок и да се расправа само по предложените извештаи, а до завршување на изборите да не се свикуваат седници. На тој начин, смета советникот од ВМРО ДПМНЕ, ќе се избегнат „жешките“ прашања што ќе придонесе за фер и демократска атмосфера во очи локалните избори.

Ohridnews